„Се ме боли, каде ми се синот и сопругата?" - Македонецот раскажува за верижниот судар на патот Белград-Загреб
Во Србија е уапсен Македонец кој се сомничи дека е виновен за верижниот судир на 36 возила на автопатот Белград-Загреб.
Македонецот за Вечерње новости си ја отвара душата и сведочи за хоророт кој го преживеал.
- „Се ме боли. Каде мие сопругата? Каде ми е синот? На снаата и ја отсекоа ногата“, низ солзи зборува Македонецот.
Тој раскажува како се случила несреќата. - Одевме од Италија за Македонија на годишен одмор. Мојот син возеше, сопругата седеше покрај него, а позади мојот втор син, снаата и јас. Од назад на нас удри некој џип, со швајцарски регистарски таблички, вели тој за Вечерње новости.
За потсетување, во несреќата меѓу повредените имало и македонска државјанка која била задржана во Ургентниот центар во Белград. Жената имала тешки повреди на пршлените и на колковите, а покрај неа со полесни повреди се здобил и уште еден државјанин од Македонија.Меѓу повредените има и деца, а тројца се во критична состојба.
24.12.2013 - 08:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа