„Прво татнеж, па потрес од неколку секунди“ - Земјотрес ја погоди Хрватска


Жителите на Загреб во средата наутро ги потресе помал земјотрес со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот се случил на 28 километри од Загреб на длабочина од три километри, соопшти EMSC.

– Прво татнеж, па благ потрес од неколку секунди – напишал еден од граѓаните кои го почувствувале овој помал земјотрес.

Граѓаните велат дека тресењето траело околу шест секунди.

25.09.2024 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега