Новата мис на Турција исмеана поради нејзиниот изглед

 

24-годишната Идил Билген е новата мис на Турција и ќе ја претставува својата земја на изборот за мис на светот, кој ќе се одржи на почетокот на 2025 година.

По победата на натпреварот, нејзините фотографии се проширија на социјалните мрежи. Многумина во коментарите напишаа дека Идил не заслужува да победи и дека изборите биле наместени, а троловите ја исмеваат поради нејзиниот изглед.

„Сестро, можеш да продолжиш да мислиш дека си убава, цела Турција ја знае вистината“, „Ако таа е мис, тогаш можам да се кандидирам за претседател“, „Навистина не сакаме таа да нè претставува на светскиот натпревар“ , „Извинете, но подобро да земевте девојка од улица“, „По сите критики, почнаа да ја фотошопираат“, „Само излезете на улица, првата девојка што ќе ја видите ќе биде поубава од неа“, се нижат коментарите на „Инстаграм.

20.09.2024 - 21:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа