Јосип почина на Велигден по експлозија на плинска боца - Страшна трагедија ја потресе Србија
Јосип Лазарац, 68-годишниот маж од Борча, Србија, кој на 17. март се здоби со сериозни повреди по експлозија на плинска боца, им подлегна на повредите во Ургентниот Центар.
Несреќниот маж за жал почина на Велигден. Во експлозијата беше повредена и неговата сосетка, 67-годишната Светлана В. која се опоравува од повредите.
Телото на Јосип ќе биде дадено на обдукција.
Инаку, експлозијата се случи на приземјето од зграда, а пожарот го зафати и првиот кат. Пожарот со брзата интервенција на пожарникарите беше изгасен за 15 минути.
22.04.2025 - 09:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа