„Симулација на повреди настанати од употреба на петарди” во Кавадарци

На градскиот плоштад во Кавадарци денеска се одржа показна вежба „Симулација на повреди настанати од употреба на петарди” во која учествуваа 120 ученици од неколку основни училишта.

- Вежбата е во организација на Одделот за превенција при полициската станица во Кавадарци, кавадаречкиот Црвен крст и гимназијата, службата за брза помош, со поддршка на локалната самоуправа, на Домот на културата, градинката „Рада Поцева” која обезбеди топол чај за сите присутни на градскиот плоштад во Кавадарци, информираше Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Тој нагласи дека со ова се упатува јасна порака дека петардите можат да повредат. 

23.12.2013 - 15:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа