Филипче: Законот за задолжување кај Унгарија е коруптивен

 

Опоцизијата обвинува, одлуката да се носи Закон за задолжување по скратена постапка е без преседан. Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче смета дека во предлогот со кој државата за прв пат ќе се задолжи директно кај друга држава а тоа е Унгарија нема јасни критериуми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето парите, има точки во кои се кријат скриени трошоци кои не се јасно изразени.

Токму поради ова Филипче вели дека нема да биде ставен на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието со која раководи нивната пратеничка Сања Лукаревска.

„Целта е јавноста да е лишена од можноста детално да види што се крие зад ова задолжување. ВМРО ДПМНЕ го скрати правото на дебата и вклучување на експертската јавност во процесот на носење на самиот закон. Ова јасно упатува на заклучокот дека Владата има многу што да сокрие во овој закон. Ова потврдува дека задолжувањето е коруптивно и ја носи државата во должничко и политичко заложништво на Унгарија. Мора да е предмет на широка јавна расправа, прецизно да се утврди на секој детал за секој денар кој треба да се плаќа од граѓаните како камата. Во законот има јасно видливи членови и елементи со кои се потврдува корупцијата. Ова задолжување е договорено кога ВМРО ДПМНЕ беше опозиција, целосно вонинституционално и во четири очи“, вели Филипче.

Предлог-законот предвидено е државата да се задолжи со 500 милиони евра од унгарската Експорт-импорт банка. Условите се регулирани во договор за заем кој ќе се склучи помеѓу Република Северна Македонија и Унгарската банка.

Во дел од нив се вели дека заемот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години.

12.09.2024 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега