Серија на апсења во Скопје - приведени осум лица

 


Полицијата во текот на вчерашниот и денешниот ден апсеше на повеќе локации во Скопје, при што приведени се осум лица.

 Денеска во 03.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Љ.(47) од Скопје, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблета.

Денеска во 01.05 часот во Скопје на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.С.(24) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

 

Денеска во 02.50 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(29) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Денеска  во 00.55 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(20) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 17.40 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(18) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 23.05 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Б.(28) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 22.30 часот во населбата Колонија во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(40) од село Идризово, скопско,  поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Вчера во 13.45 часот во с.Сарај-скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(43) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветен поднесоци.

08.09.2024 - 11:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега