Скопскиот аеродром „замрзнат“ во следните 24 часа

Авионскиот сообраќај од скопскиот аеродром во наредните 24 часа поради маглата ќе биде прекинат. Како што најаваат оттаму нема да има ниту слетувања, ниту полетувања.

Летовите на „Визер“ ќе се одвиваат од софискиот аеродром. Превозот за патниците е организиран со автобус од скопскиот аеродром. За подетални информации советуваме патниците да се обратат во центарот за контакт на „Визер“. Летовите од Истанбул, Љубљана и Дубаи се пренасочени кон Охрид. Останатите летови се откажани.

Од Аеродромот до патниците апелираат да дојдат на аеродромот минимум три часа пред закажаното полетување, бидејќи претставниците на авиокомпаниите може да им понудат повеќе опции: автобуски превоз до друг аеродром, хотелско сместување и презакажување на летот и попуст при следна резервација, алтернативни датуми и друго.

23.12.2013 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега