Социјална заштита лани користеле 55 028 полнолетни и 14 962 малолетни лица

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, вкупниот број на малолетни корисници на социјална заштита изнесувал 14 962, додека вкупниот број на полнолетни корисници на социјална заштита бил 55 028.

Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имаа услугите на социјална работа кои изнесуваа 45.1 %, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имаа услугите за социјална заштита кои изнесуваа 83.5 %.

Во 2023 година, 35 380 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на гарантирана минимална помош.

26.08.2024 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега