Тешко повреден работник на градилиште во Струмица

 


Вчера во 17.20 часот во СВР Струмица, од Медицински центар Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.Д.(63) од Кратово.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 15.30 часот при извршување градежни работи на објект на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица.

Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Струмица и трудов инспектор.

14.02.2025 - 15:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега