Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот со нож во Солинген во кој загинаа три лица

 

Осомничениот за нападот со нож во западниот германски град Солинген, во кој во петокот вечерта загинаа три лица, а осум беа повредени, е 26-годишен Сириец и го признал делото, соопштија денеска властите.

Осомничениот се предал и го признал делото, се вели во заедничката изјава на полицијата и обвинителството во Дизелдорф.

„Вклучувањето на оваа личност во моментов е под интензивна истрага“, напишаа тие.

Деталите даваат малку поцелосна слика од изјавата на владин функционер кој во саботата доцна навечер на германската телевизија го објави апсењето на мажот кој го бараат властите 24 часа по нападот.

Нападот, за кој одговорноста ја презеде групата Исламска држава, се случи во петокот вечерта на фестивалот кој ја слави 650-годишната историја на градот.

Осомничениот е поврзан со засолниште за бегалци во Солинген, во кое беше извршена рација во саботата, соопштија властите.

Исламската држава го опиша човекот кој го изврши нападот како „војник на Исламската држава и некој кој го изврши нападот како одмазда за муслиманите во Палестина и насекаде“

 
25.08.2024 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега