Мицкоски: Нема граѓани од прв и втор ред, решени сме да ја донесеме правдата во Македонија

 

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да дозволи да се прават реформи во правосудството каде што судиите кои ги бирале Бихачќа и Речица, сега да ги бира оваа Влада. Тој посочува дека тие не сакаат да влијаат на било кој сегмент од бирањето на судии, па спремен е да се обезбеди автономен буџет, каде независно тело ќе ја прави контролата како тој се троши.

„Им кажав на двете госпоѓи дека можеби емитуваат убава енергија. Но, тоа што политичари и судии се гледаат, испраќа друга порака. Не треба да се гледаме. Најдобро е да не се отвора дискусија“, рече Мицкоски.

Тој кажа дека се што е во негова моќ ќе направи за да има правда, бидејќи ниската доверба во правосудните органи е безбедносна закана.

„Довербата која граѓаните ја имаат е катастрофална ниска. Ако немате обвинители и судии кои обвинуваат по закон и Устав тогаш ќе немате ниту економска безбедност, ќе немате ни економска активност, а кога нема тоа, тогаш буџетот ќе нема приходи кои се потребни за развој. Тоа е суштината на системот. Ние се ќе направиме за да ја донесеме правдата. Нема граѓани од прв и втор ред. Тоа беше средба на нивно барање“, објасни Мицкоски.

Тој кажа дека Владата стои зад своите ставови, но ако има подобри предлози, ќе ги применат.

Според него, несериозно е да се каже како ќе се стигне до реформи по 40 минути. Сепак, посочи дека предлозите на Дамева ќе бидат разгледани.

„Тоа беше повеќе нарација… Како би требало да функционира сето ова во најдобра околина, ќе треба денови и денови да се разговара и да се создаде концепт кој ќе биде идеален“, додаде Мицкоски.

20.08.2024 - 20:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега