Избувнаа 49 пожари за еден ден: Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справување со пожарите
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите.
Одлуката, како што информира денеска претседателкиот кабинет, е согласно Законот за управување со кризи, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата.
- Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на пожарите ќе го одредува Генералштабот на Армијата во согласност со побарувањата од Центарот за управување со кризи и состојбата на теренот, се вели во соопштението.
Според последните информации од ЦУК, само во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, седум се под контрола, 30 се изгаснати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа