Полицијата потврди: Екс-градоначлникот на Охрид пријавил дека е нападнат

Лице со иницијали А.П. пријавило дека му била загрозена личната безбедност. Информацијата дека екс-градоначлникот Александар Петрески бил натепан доби и официјална потврда од полицијата.

-Во СВР Охрид денеска пристигна пријава за загрозување на безбедноста на личност. Полицијата постапи по неа, случајот се документира, повикани се на разговор повеќе лица и се работи на целосно расчистување на случајот - изјави за Вест портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Претходно, охридските локални медиуми јавија дека Петрески побрал помош и во охридската болница со видливи повреди на телото. Поранешниот охридски градоначлник ги демантираше овие информации и најави тужби

22.12.2013 - 21:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега