Русите мислеа дека Украина ќе ја нападне парадата за Денот на морнарицата, го повикаа Вашингтон

 

Русија се сомневаше дека Украина планира да нападне за време на парадата за Денот на морнарицата на која присуствуваше и претседателот Владимир Путин минатиот месец, поради што Москва стапи во контакт со Вашингтон, објави руската државна телевизија.

Руската телевизија објави дека деталите се државна тајна и не објави дополнителни поединости.

Таа ја наведе изјавата на заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој рече дека стравувањата за наводниот напад биле толку големи што министерот за одбрана Андреј Белоусов го контактирал американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот од независни извори.

„Њујорк тајмс“ објави дека на 12 јули, Остин добил повик од Белоусов во кој изразил загриженост за тајната украинска операција планирана против Русија, за која Москва, како што рече, верувала дека има благослов од Соединетите држави.

„Њујорк тајмс“ цитира двајца неименувани американски функционери кои велат дека претставниците на Пентагон биле изненадени од руските информации и не биле свесни за таков заговор.

И покрај ова, загриженоста на Русија беше сфатена доволно сериозно. Затоа Вашингтон стапи во контакт со Украина и го предупреди Киев дека не треба да спроведува таква операција, доколку ја планирал.

06.08.2024 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега