Трамп се согласи да разговара со ФБИ за обидот за атентат врз него

 


Американскиот претседателски кандидат и поранешен жител на Белата куќа, Доналд Трамп, се согласил на интервју со Федералното истражно биро (ФБИ) како дел од истрагата за обидот за негов атентат во Пенсилванија, објави ФБИ.

Наведено е дека разговорот со жртвата е дел од вообичаениот протокол за време на истрагата, пренесува АП.

Сакаме да ја добиеме перспективата на Трамп за она што го забележал, изјави агентот на ФБИ задолжен за истрагата Кевин Розек.

Тој рече дека се уште не е утврден мотивот за нападот, за кој осомничен е 20-годишниот Томас Крукс, чии родители „екстремно соработуваат“ со истражителите.

Крукс беше убиен за време на атентатот на Трамп.

29.07.2024 - 17:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега