ВИДЕО: Ердоган „удри шамар“ на дете затоа што не му ја бакна раката

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „удри шамар“ на дете затоа што не му бакна рака.

Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Инцидентот се случил за време на церемонијата на отворање на реновирани куќи во северната провинција Ризе овој викенд.

Ердоган на сопствениците им ги подели клучевите од реновираните куќи.

Две момчиња од едно семејство излегоа на сцената пред своите родители. Кога излегоа на сцената, Ердоган им подаде рака, но едно од момчињата збунето го гледаше турскиот претседател неколку секунди и потоа одби да му ја бакне раката.

Ердоган по тој момент му „удри шамарче“ на младото момче. Потоа момчето му ја бакнало раката на Ердоган, а Ердоган извадил пари од џебот и му дал џепарлак.

Потоа, на Ердоган му пришол постариот брат на момчето, кој веднаш му ја бакнал раката на Ердоган и веднаш добил и пари.

Бакнувањето рака на постар човек е обичај во Турција и подразбира покажување почит кон постарата личност.

Да потсетиме, претходно за време на инаугурацијата, Ердоган исто така „на шега“ удри момче по глава додека мафташе со лента.

 

29.07.2024 - 15:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега