СДСМ: Груевски Ставрески продолжуваат да не задолжуваат

Министерството за Финансии останува глуво на предупредувањата кои доаѓаат од меѓународните финансиски институции како и од НБРМ околу темпото со кое расте јавниот долг. 

Како што СДСМ алармираше и пред две недели, Груевски и Ставревски продолжуваат да не задолжуваат со уште позабрзано темпо и токму на црниот 24 декември, преку аукција на државни хартии од вредност ќе креираат нов долг од најмалку 17 милиони евра.

СДСМ го прашува Министерството за финансии и министерот Зоран Ставревски:

1. Колкава е моменталниот долгот  на државата по основ на доспеани обврски за набавени стоки и услуги и  поврат на ДДВ кон правните лица? Го потсетуваме министерот да не користи лаги како минатата година кога  постојано тврдеше дека државата навремено ги регулира сите обврски. Неговите лаги тогаш ќе мора и оваа година да ги демантира премиерот и да призне дека долгот по овој основ е стотина милиони евра.

2. Дали  Министерството за финансии и оваа година преговара со СБ за добивање на гаранција за ново задолжување кај меѓународните комерцијални банки? Го потсетуваме министерот дека мината година тврдеше дека неизгласувањето на оваа гаранција во парламентот, Македонија ќе ја чини 85 милиони евра. Затоа, тој инсистираше дека за тоа вреди да бидат тепани и исфрлени од парламентот пратениците од опозицијата. Ако оваа година Македонија не добие гаранција од СБ, и за задолжувањето се емитува  еврообврзница, го прашуваме министерот дали ќе побара од својата колешка Јанкуловска да биде истепан лично самиот тој за направената штета од 85 милиони евра.

 

3. И покрај нелогичните податоци од страна на ДЗС, го прашуваме министерството за финансии зошто не ги усогласува своите податоци со оние кои ги објавува оваа институција. Имено, според ДЗС, до септември,  БДП по тековни цени изнесува 5 милијарди и 600 милиони евра? Министерството цела година оперира со БДП за 2013 од скоро 8 милијарди евра. Тоа е манипулација која прераснува во лага со цел сите податоци да се покажуваат порозови. Реално, БДП за 2013 не може да биде поголем од 7 милијарди и 700 милиони евра, што ќе покаже дека и сега јавниот долг е над 35% а буџетскиот дефицит над 4% од БДП.

(Интегрален текст од писмено соопштение на СДСМ)

22.12.2013 - 14:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа