СДСМ распали по ЗНАМ: Тие се политичка епизода, а не главен фактор како што мислат

 

ЗНАМ живее во сопствена илузија дека е голем политички фактор, а всушност има само епизодна улога на колаборант за носење на Мицкоски и ДПМНЕ на власт, велат од СДСМ, откако денеска портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов кажа дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, бележи зголемен интерес за нови членства, и го охрабри разочараното членство на СДСМ да премине во движењето.

„Дрско манипулираа со асномската идеологија за евтиното ветување дека Максим Димитриевски ќе добие уште еден градоначалнички мандат во Куманово.

Се уште не разбираат дека се целосно невидливи. Нивните министри се уште немаат добиено ниту дозвола да зборуваат во јавност за нивните ресори.

Нивните обиди за создавање раздор во СДСМ е криење на реалноста. Се повеќе нивни луѓе доаѓаат во матичната партија да изразуваат искрено каење што дозволиле да бидат изманипулирани за лични интереси на малкумина околу Максим.“, истакнуваат од опозициската партија.

Им порачуваат, да бидат внимателни во пораките за да не си ги затвораат вратите на кои брзо ќе сакаат да тропнат.

11.07.2024 - 18:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега