МНР: Во Израел ќе се патува само со одобрение од ЕТА

 

Почнувајќи од 1 август 2024 година, македонските државјани кои планираат патување во Израел, задолжително ќе треба да пополнат формулар преку Системот за електронска авторизација (Electronic Authorization System – ETA). Системот ќе биде отворен за аплицирање, почнувајќи од 1 јули и нема да биде овозможен влез во Израел од 1 август, без претходно одобрение од ЕТА.

На патниците без пополнета апликација и добиена авторизација нема да им биде дозволено качување на авиони кои летаат за Израел. Апликацијата ќе чини 25 израелски шекели (околу 6.25 евра) а авторизацијата ќе има важност меѓу 90 дена и 2 години. Самата авторизација не подразбира дека се овозможува престој во Израел подолго од 90 дена.

Во случај на евентуални технички проблеми при аплицирање, отворена е електронска меил адреса, на која може директно да се упати молба за појаснување: eta@piba.gov.il

На овој линк може да се најдат практични информации за самиот систем и аплицирањето.

03.06.2024 - 21:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега