Кочо Анѓушев донираше за уредување на црквата Св. Константин и Елена во Скопје


Скопската  епархија, при Македонската Православна Црква –  Охридска Архиепископија,  ја информира јавноста дека во изминативе 6  месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје: се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот.

Фрескописот и другите потребни работи се извршуваат од донации, но за целосно довршување на храмот ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните  бизнисмени како и сите луѓе – добронамерници.

Инаку, новиот храм се гради  во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон  изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години.

Еден од главните донатори е Кочо Анѓушев кој во црквата донира како физичко лице, а информацијата ја потврдува и пред службата на неговите компании.

Лани на повикот на МПЦ, Анѓушев одлучил да помогне бидејќи самото име на црквата кореспондира со неговото име, но и со неговиот внук и внука исто така.

03.06.2024 - 15:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега