Кире Лазаров: Око не склопив по повредата на Мојсоски

Ракометниот капитен, Кире Лазаров, си ја отвори душата и изјави дека цела вечер не можел да заспие откако се повреди ракометарот Наумче Мојсоски.

Во телефонски разговор за Утрински, Кире вели дека ни на најголем непријател не би му го посакал тоа што му се случи на Наумче.

- „Го гледав натпреварот и цела ноќ не можев да заспијам. На најголемиот непријател не би му го посакал тоа што му се случи на Наумче. Колку е важен тој за Македонија, за македонскиот спорт и за националната селекција излишно е да се трошат зборови. Со него сме играле заедно во црвено-жолтиот дрес 15-16 години во кадетската, во јуниорската и во сениорската репрезентација и не можам да опишам колку ми е жал“, вели Лазаров во телефонска изјава за Утрински весник и досава дека му посакува на Мојсоски брзо да оздрави.

20.12.2013 - 13:25
Фото: 
засе.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега