Сакаат повисоки плати: Вработените во ФЗОМ денеска излегуваат на протест

 

Хаос во Фондот за здравство. Вработените излегуваат на предупредувачки протест. Ако до 31 мај не им се усогласат платите – се заканија со клуч на врата на Фондот од 1 јуни.

Вработените револтирани, велат дека, нема да работат без пари ако Владата не им го реши итно проблемот со примањата и тоа пред избори. Според нив, Управниот одбор на ФЗО си игра со вработените топло-ладно, и бараат разрешување на сите членови на одборот, затоа што во него имало тројца пензионери со истечен мандат. Претседателот на синдикатот, Бранко Аџигогов потврди дека утре излегуваат пред седиштето на инстиуцијата. Вели дека незадоволството е огромно.

Алфа дознава дека минатата недела имало состанок на Управен одбор на Фондот, каде на дневен ред било усогласување на платите на вработените. Но, членови на одборот гласале дека за тоа нема да има дискусија, односно ја отстраниле таа точка од дневниот ред и ја оставиле за после изборите.

Синдикатот тврди дека вработените во ФЗО имаат пониска плата од сите сродни институции, министерства и администрација во здравство. Според нив, една четвртина од вработените земаат плата под минималната, а една четвртина добиваат минимална плата.

Ако ФЗОМ на 1 јуни ги затвори вратите на институцијата и подрачните единици, повторно ќе виси исплатата на породилното отсуство, боледувања, лекувањето во државата. Со оглед на тоа што Фондот е надлежен за буџетите на здравстените установи, докторите и вработените во здравство може да останат без плата, а болниците да останат без терапија.

Штрајк во Фондот за здравство имаше и пред три месеци, со слични барања, за повисоки плати и разрешување на Управниот одбор.

30.04.2024 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега