Познат рок пејач осуден на 35 години затвор поради силување на деца

Пејачот на британската рок група Lostprophets е осуден на 35 години поради полово злоставување на деца.

36- годишниот Ијан Ваткин,  минатиот месец пред судот во Кардиф ја призна вината по 13 точки од обвинувањето за злоставување на деца. Двете мајки на децата кои ги злоставувал, а кои исто така ја признаа вината по обвинувањето, осудени се на 14 и 17 години затвор.

Пред изрекување на пресудата, судијата Џон Ројс за Ваткинс рече дека е манипулатор и „сексуален предатор“ и дека „ јавноста, особено девојките и децата би требало да се заштитат од него“.

Инспекторот Питер Дојл изјави дека за време на истрагата за Ваткинс, пронашол „докази за злоставување на деца“ кои најмногу го вознемириле за 28 години работа во полицијата.

Полицијата верува дека не ги открила сите жртви на Ваткинс продолжува со истрагата со помош на полицијата по цела Британија, Интерпол и Канцеларијата за државна безбедност во САД.

Ваткинс призна два обиди за силување, полово злоставување на деца помлади од 13 години и поттикнување полово злоставување на деца помлади од 13 години, здружување за силовање на дете помладо од 13 години и здружување за полово злоставување на друго дете помладо од 13 години, рече  потпаролот на кардифскиот суд.

Ваткинс исто така, признал дека е виновен за снимање и поседување несоодветни фотографии на деца и екстремни порнографски слики, рече потпаролот. Двете жени се осудени вчера затоа што гизлоставувале своите деца по барање на Ваткинс и му ги ставиле на располагање за полов однос.

19.12.2013 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа