Српски медиуми: Убијците биле пијани, имале план да го преместат телото на свој имот

 

Двајцата осомничени за убиството на малата Данка Илиќ чие тело било закопано во дива депонија биле пијани кога ја прегазиле со автомобил, пишуваат српските медиуми. 

Како што јавува „Информер“, еден од убијците наводно планирал да го ископа телото од депонијата и да го пренесе на својот имот. 

– Двајцата беа пијани. Тие се исплашиле бидејќи под дејство на алкохол возеле службено возило. Девојчето било живо кога го удриле. Еден од нив излегол од автомобилот и со голи раце ја задавил Данка Илиќ. Таа лежеше на патот и плачеше, а тој ја удави, ја стави во багажникот и потоа ја фрлија во депонија, пишува српски „Информер“.pastedGraphic.png

Но, тоа не е се, бидејќи еден од нив кога видел дека полицијата е на нозе и дека цела Србија ја бара убиената Данка, имал намера да го пренесе телото.

– Еден од нив рече дека ќе го ископа телото на Данка и ќе го сокрие во неговото село, кое се наоѓа на 36 километри од Бор. Дека телото ќе го закопа до шталата, до ѓубривото. Тие правеа заговор да си ги покријат трагите. Како работници во комуналното претпријатие, тие не биле сомнителни. Тренирани кучиња ја пребарале локацијата, но девојчето го немало. Се претпоставува дека се уште е на депонијата, потрагата по неа се уште трае, пишува „Информер“.

04.04.2024 - 12:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега