ВИДЕО: Спектакуларно апсење на најбраниот британски криминалец

Британската полиција во соработка со шпанските власти го уапсила Ендру Моран по четири години криење низ Европа.

Во луксузната вила во Аликанте, Шпанија, каде што се криел Британецот биле пронајдени и два пиштоли, 60 куршуми и една мачета. Моран во ноември минатата година успеал да избегне апсење при бркотница со автомобили со шпанската полиција. Тој се најде на црната листа на британските власти откако успеал да избега од судница во текот на судење за вооружен грабеж на британската пошта во 2005 година.

најчитано сега