Протестираат државните службеници во Виена

Над  40.000 австриски државни службеници вчера  излегоа на протест во Виена. Државните службеници протестираат за зголемување на платата.

Поради масовниот протест сообраќајот на неколку главни булевари во градот беше блокиран.

Државните службеници во Австрија бараат зголемување на платите за 2,3 отсто, а Владата предлага само 1,7 проценти.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Помалку пари за банките, повеќе за нас“, алудирајќи на пакетите за спас на финансиските институции во земјите од еврозоната.

19.12.2013 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа