Дел од општините Карпош и Сопиште утре без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека утре без вода ќе останат делови од општините Карпош и Сопиште.
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа, на улицата Никола Русински бр. 2, во општина Карпош, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа во село Ракотинци во општина Сопиште, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат жителите на селото Ракотинци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа