Почина Атина Апостолова - доајен на макдонската народна музика
Почина Атина Апостолова, доајенот на македонската народна музика.
Веста за нејзината смрт вчера ја објави пејачката Вики Среброва, како и сестрата на Апостолова.
Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Таа е македонска пејачка на народна музика. Позната е по песните Запејте мераклии, Цела вечер ќе ти пејам, Верувај ми, Усни румени, Те видов, и се заљубив, Иле Илија и многу други.
Таа имала турнеји во Австралија, Канада и Америка. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски.
Имала одлична соработка со: Ванчо Тарабунов, Ефто Пупиновски и Милан Завков. Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети со: Ванчо Тарабунов (Верувај ми) и Ефто Пупиновски (Скопските боеми).
Во 2023 година на Фестивалот “Тумба Фест” Куманово ја добива наградата за животно дело.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа