ФОТО: Илон Маск со една фотографија ги „патосираше“ Фејсбук и Инстаграм

 

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и апликациите месинџер и Трејдс повторно работат.

Причината веројатно е голем прекин на серверот во матичната американска компанија Мета, јавуваат светските медиуми.

Веб-страницата за следење на состојбата на онлајн сервисите „Down Detector“ покажа големи прекини на Инстаграм, Фејсбук и Месинџер. Проблеми имаше низ целиот свет.

Сопственикот на платформата Х Илон Маск, се потсмеваше на својот профил поради падот на Фејсбук и Инстаграм.

Корисниците на Х масовно му поставуваа прашања Маск за падот на апликациите на Мета.

– Ако ја читате оваа објава, тоа е затоа што нашите сервери работат, напиша Маск на својот профил на Х.

05.03.2024 - 19:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега