Ковачки кон Пендаровски: Како е можно инструменти од воениот оркестар на АРМ да бидат на партиски собир на СДСМ?

 


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки остро реагираше и упати прашање до претседателот Стево Пендаровски како е можно инструменти од воениот оркестар на АРМ да бидат на партиски собир на СДСМ.

„Ајде врховен команданте Стево Пендаровски (уште 60 дена) одговорете што ќе преземете во врска со злоупотребите и рушењето на професионалните стандарди во АРМ. Како е можно службени инструменти од воениот оркестар на АРМ да бидат на партиски марш на СДС? По чија наредба офицери на воениот оркестар поддржуваат партиски настан? Има ли дневници за ангажираните офицери на партискиот собир? Во која друга НАТО држава е дозволена ваква злоупотреба?“, праша Ковачки.

04.03.2024 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега