СДСМ: Инфлуенсерот Мицкоски можеби не пробал цреши, но затоа фрла илјадници евра за лајкови

 

СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски месечно троши илјадници евра за реклами на социјалните мрежи, додека граѓаните се соочуваат со економски потешкотии и зголемени животни трошоци.

„Само една реклама на профилот на Мицкоски чини 600 евра, што е многу повеќе од минималната плата во Македонија. Додека народот едвај преживува поради растечките цени, власта ги троши парите на граѓаните за самопромоција на социјалните мрежи“, велат од СДСМ.

Според опозициската партија, овие трошења се особено проблематични во услови кога здравствениот систем се соочува со недостаток на лекови, а повисока минимална плата сè уште не е остварена.

„Наместо да инвестира во подобрување на животниот стандард, Мицкоски фрла огромни средства за лајкови, слики и видеа. Тоа е класичен пример на лицемерие и безобразлук“, порачуваат од СДСМ.

09.02.2025 - 11:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега