Собранието ќе ја започне 60-тата седница

 

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја започне работата по точките од дневен ред на 60. седница.

На дневен ред се Предлог одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на ОН УНИФИЛ во Либан, дополнетиот Предлог на закон за преземање на акционерските друштва,  измените и дополнувањата на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост, измените на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, за Предлог на законот за воведување на систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба.

Треба да бидат разгледани и дополнетите предлози на законите за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, на Законот за ѓубриња и на Законот за производи за заштита на растенијата, за предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и на Законот за здравјето на растенијата, дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ловството и Предлог на законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, сите во второ читање.

Пратениците треба да се изјаснат и за измените и дополнувањата на Законот за радиодифузната дејност, за измените на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за изградба на автопатот на Коридорот X, на делницата Демир Капија - Смоквица, како и за Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за Проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини долж Коридорот 10, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, сите по скратена постапка.

Треба да бидат разгледани и за повеќе други закони во прво читање, ратификации на договори и годишни извештаи.

ФОТО: Сител

најчитано сега