Самарас во 2011 година заработил над 128.000 евра

На сајтот на  грчкиот Парламент се објавени изворите на приходи за 2012 година на 694 политичари, меѓу кои и на премиерот и лидерите на парламентарните партии.

На списокот од вкупно 694 политичари, за фискалната 2011 година, има и поранешни премиери, актуелни и поранешни министри и заменици министри, без разлика дали биле пратеници или не, сегашни и поранешни пратеници и европратеници и актуелни и некогашни шефови на комсии за финансии на партиите.

Потпретседателот на Парламентот Јоргос Каланѕис соопшти дека изјавите претходно биле предмет на ревизија од страна на овластени јавни сметководители.

Изворте на богатство вклучуваат недвижен имот, домашни или странски акции и обврзници (и сите финансиски производи), банкарски и слични депозити дома и во странство, возила од сите видови, и партнерства во компании. Ревизорите ја провериле и усогласеноста меѓу соопштените приходи и податоците за трошоци за живот на секое лице.

Изјавите ќе останат објавени еден месец, а според промените во законот, од следната година извештаите за „изворите на средства“ на политичарите ќе бидат објавени само ако има промена во приходите.

Премиерот Антонис Самарас за 2011 година пријавил приход од плата помал за 1.000 евра во споредба со 2010 година. Според неговиот извештај, во 2011 година имал вкупно плата од 99.854,8 евра, а неговиот приход од други извори инесувал 28.329,99 евра. Во 2010 година, неговата плата изнесувала 102.168 евра, а другиот приход 25.044 евра.

Пријавениот приход на неговата сопруга Георгија во 2011 изнесувал 52.525,89 евра, додека во 2010 година бил 53.625 евра.

Двојката во 2011 година вкупно пријавила банкарски депозити од 297.675,38 евра и 983,30 британски фунти, додека во 2010 година тие имале 276.679 евра, 25.119 фунти и 12.825 американски долари. Тие заедно поседуваат 3.800 акции. Деталите на надвижностите исто така се објавени на интернет страницата.

Во 2011 година, лидерот на ПАСОК и потпретседател на Владата, Евангелос Венизелос изјавил дека имал плата од 94.310,05 евра, што е за 7.593 помалку во споредба со 2010 година кога неговата парламентарна плата изнесувала 101.903,80 евра.

Неговата сопруга заработила 55.607,37 евра во 2011 година и 60.049,80 во 2010 година.

Според изјавата, Венизелос, неговата сопруга и ќерка имаат банкарски сметки со вкупно 1.600.000 евра, и тое се намалени за 700.000 во споредба со 2010 година. Тие, исто така пријавиле дека имаат 128.730 евра, 61 американски долар и 84.444 фунти. Тие исто така поседуваат акции и обврзници, а нема промени во недвижниот имот.

Приходот на лидерот на  опозициската Коалиција на радикалната левица  (СИРИЗА), Алексис Ципрас во 2011 година е намален за 8.500 евра во споредба со 2010 година.

Во 2011 година, неговата парламентарна плата изнесувала 72.330 евра, а 1.740 евра се пријавени од други извори. За 2011 година, Ципрас пријавил банкарски депозити во вредност од 100,07 евра  во споредба со 11.360 евра кои ги имал во 2010 година.

Од недвижен имот, тој поседува куќа во Атина од 114 метри квадратни.

17.12.2013 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега