Маратонец кој ја избегна смртта на маратонот во Бостон трчаше и во Прага
Марио Јунек од чешкиот град Плзењ, кој за малку ја избегна смртта при неодамнешната експлозија за време на традиционалниот маратон во американскиот град Бостон учествуваше и на Прашкиот меѓународен маратон.
При терористичкиот напад во Бостон, на 15 април кога се случија две експлозии на Јунк му недостасувале уште 100 метри до целта и за чуд не бил повреден.
Откако пет минути лежел на земја по експлозијата станал и трчајќи дошол до целта, каде дознал дека при атентатот три лица загинале, а повеќе од 260 се сериозно повредени.
Шеесет и четиригодишниот аматерски тркач воопшто не мислел да престане со трчањето и се пријавил и на маратонот во Прага, иако признава дека кога ја почнал трката чувствувал страв сеќавајќи се на непријатностите кои се случиле пред неполн еден месец.
- На почетокот не мислев на тоа, но кога бев на патеката и кога бев блиску до целта, морници ме полазија, вели Јунк.