Ештон: Србија ги исполни сите услови за почеток на преговорите со ЕУ

Кетрин Ештон утре ќе ги извести министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ дека Србија ги исполнува сите услови за почеток на преговорите за приклучување и ќе ги повика да почнат преговори, јавува „Танјуг“, повикувајќи се на текстот на извештајот.

- Како што веќе направив во јуни минатата година и како што овој извештај покажува, денеска Ве повикувам да признаете дека се исполнети сите значајни точки од априлскиот бриселски договор, пишува во говорот што Ештон го подготвила за утрешниот состанок на Советот за општи работи во Брисел.

Ако се согласувате со оваa изјава, се надевам дека ќе се согласите со првата меѓувладина конференција официјално да ги отворите преговорите со Србија најдоцна во јануари 2014 година, нагласува Ештон.

Документот долг пет страници во кој се опишува напредокот и примената на Првиот договор за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, Ештон деталнo наведува се што досега е постигнато во серија области, почнувајќи од спроведувањето на локалните избори до полицијата и функционирањето на премините.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ утре се очекува да го прецизираат датумот на првата меѓувладина конференција ЕУ-Србија и ќе донесат рамка за преговорите за приклучување.

16.12.2013 - 16:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега