Загаден е воздухот и во Сараево

И воздухот во Сараево и во  неколку други босански градови е на критично ниво по големата концентрација на сулфур диоксид и прашина, поради што движење на отворено не се препорачува за децата, хронично болните, трудниците но и здрави лица.

Заводот за јавно здравје на Федерацијата на Босна апелираше граѓаните да излегуваат од своите домови без големи потреби и да го ограничат своето движење.

– Ако е невозможно да се избегне движење на отворено, препорачуваме со шал да се покријат устата и носот за да се намали делумно штетното влијание на честичките прашина и чад чија концентрација е премногу висока, се вели во соопштение од Заводот. 

16.12.2013 - 15:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа