Босанското оружје ќе заврши во Сирија

Како што пишува весникот „Глас Српске“, турската компанија  „Фериде Кириоглу“ е најголем купувач на оружје и воена опрема од босанската фабрика „Побједа-Рудет“ од Горажде, а најголем дел од ова оружје е употребено во сириската војна.

Според податоците до кои дошол весникот, „Фериде Кириоглу“ е речиси единствената компанија  која во текот на минатата година купила стока за посебна намена од фабриката „Побједа-Рудет“ во повеќе милионски количества.

Повикувајќи се на информации од безбедносните агенции во БиХ, весникот пишува дека поголемото количество од босанското оружје било наменето за воените зони во светот.

- На турската фирма минатата година и е одобрено купување на 18,2 милиона електрични детонатори, 15 милиони иницијални цевки и 10,1 милион иницијални каписли. Исто така, биле набавени 2,8 милиони неелектрични детонатори и по еден милион површински конектори и неелектрични иницијални системи, пишува „Глас Српске“.

„Фериде Кириоглу“, исто како и „Побједа-Рудет“, произведува и извезува експлозив, муниција и пиротехнички материјали.

 

16.12.2013 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега