Екс разузнавачот Слободан Богоевски доби 2 години затвор за Агент
Две години во затвор ќе помине ексразузнавачот Слободан Богоевски. Кривичниот суд ги изрече пресудите за случајот Агент. Првообвинетиот, адвокатот Васко Томановиќ доби 3 години, а по две години добија претставникот на Меркатор, Митија Валиќ и адвокатот Владимир Пешликовски. Последно обвинетите Даниела Трајковска и Ален Јегени се извлекоа со условни казни.
Според обвинението, шестмината осудени во случајот „Агент“ испрале над еден милион евра преку фиктивни фирми и фиктивни фактури.
16.12.2013 - 13:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа