„Излегоа од возот со крвава глава" - очевидците раскажуваат за железничката несреќа во Велес

 

Во Велес синоќа се судрија патнички и товарен воз, а за среќа во несреќата нема жртви, освен кондуктерот кој се здобил со полесни повреди, а причинета е и материјална штета чиј износ се уште се утврдува.

Дел од очевидците на несреќата за Телма си ја отвараат душата и раскажуваат што се случило.

- Прво слушнавме јак удар, а потоа возот три пати силно се затресе, некои од патниците почнаа да викаат и јас се уплашив. Останав да седам и не мрдав додека се смири ситуацијата. Потоа видов како од кабината излегоа машиновозачот и кондуктерот. Еден од нив беше со крвава глава, вели еден од очевидците за Телма. 

Друг очевидец кажува дека бил во првиот вагон и слушнал силен тресок. Имало патници кои паѓаа на спротивните седишта а некои завршиле во стаклата на прозорците. 

- По три силни  удари, возот се заниша, светлата се угасија, а луѓето почнаа да викаат. Некој се држеа за глава, за нозе или раце. Со видливи повреди, раскрвавена глава, беше само еден од двајцата мажи кои излегоа од кабината на машиновозачот. Тие заминаа а ние останавме во возот. Сега наместо во Градско да бидам во 18.15 ќе стигнам во 23 часот - рече патник.

Утринава возовите не заминаа од станицата во Велес.

16.12.2013 - 12:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега