Со Ладата се забил во бандера - пет лица повредени на патот Долно Лисиче-Драчево

 

Уште една сообраќајна несреќа викендов ги потресе скопјани. На локалниот пат Долно Лисиче-Драчево во близина на железнички премин околу 21 часот дошло до страотна сообраќајна незгода кога автомобил марка „Лада самара“ удрил во бандера.

Според податоците, со автомобилот управувал 29-годишниот Ф.М, а во него се наоѓале и 26-годишниот И.М. 41-годишниот А.С. 36-годишниот Н.С. и 20-годишниот Д.М. кои се роднини. 

Сите пет лица се здобиле со повреди во несреќата и се пренесени  во ГОБ „Наум Охридски“.

16.12.2013 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега