Повреден кондуктерот на патичкиот воз - детали од вчерашниот судар на возови кај Велес
Железничкиот сообраќај се уште е во прекин по синоќешниот судaр на товарен и патнички воз на пругата Скопје - Велес, но се работи на нормализирање на сообраќајот, вели за МИА првиот човек на МЖ Транспорт а.д. Скопје Оливер Деркоски.
Во несреќата со мали повреди се здобил кондуктерот од патничкиот воз, кој е пренесен на скопските клиники. Согласно безбедносните процедури, на преглед е упатен и машиновозачот. Нема повредени патници и заситее организиран автобуски превоз до крајната дестинација.
Според Деркоски, двата воза се движеле еден зад друг кога дошло до судирот. Притоа од пругата излетал последниот товарен вагон, а уште три товарни вагони, како и патничката локомотива се малку изместени. Нема големи оштетувања и се работи на оспособување на пругата од страна ан МЖ Инфратсруктура.
Според првичните сознанија, причина за несреќата е човечки фактор, но треба да се почека на завршување на истрагата., вели Деркоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа