Ја влечел за јакната пред Македонски Пошти-2 - скопјанка преживеала хорор
Вистинска драма се одвивала утрово во 6 часот на улицата „Никола Карев“ бб, пред влезот на Македонски Пошти-2 кај Нова Железничка Станица.
Според податоците од полицијата, насилник ја влечел за капуљачата од јакната 51-годишната С.С. од Скопје, а потоа бил спречен од страна на две лица вработени како обезбедување во Пошта 2. Оштетената настанот веднаш го пријавила во полиција. При извршеното легитимирање констатирано е дека станува збор за 29-годишниот М.Б. од Скопје. Скопјанецот на полицијата и раскажал дека бил под дејство на алкохол и за ништо не се сеќавал.
Кај жената била констатирана контузија на коленото.
Насилникот си заработи 30 дена притвор, а познат им е на полицајците како сторител и на други кривични дела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа