Едно лице загина две се повредени во сообраќајка во Тополчани - од комбето не остана ништо

 

 

Страотна сообраќајна несреќа викендов се случи на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на Тополчани. Утрово околу 8 часот се судриле фолсфаген со кој управувал 55-годишниот прилепчанец Ѓоре С. и комбе марка Фиат со кој управувал 61-годишниот Илија М. од Кавадарци, кој во возилото бил заедно со својот 27-годишен син.

За жал, прилепчанецот го загубил животот, додека Илија и неговиот син се потешко повредени. Комбето по ударот се запалило и целосно изгорело.

Магистралниот пат Прилеп - Битола е затворен за сообраќај и е пренасочен по стариот пат.

15.12.2013 - 12:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега