Џонсон Мети нуди вработување во фабриката во Скопје

Џонсон Мети има потреба од Инженер за квалитет за клиенти кој ќе се придружи на Одделот за квалитет во фабриката за автокатализатори во Скопје. Кандидатот ќе  биде дел од тим од инженери во Одделот за квалитет и ќе биде одговорен за:

Контактирање на клиентите за сите прашања во врска со нивните барања

 Обезбедување квалитет на финални производи кој ќе одговара со барањата на клиентите

 Подготовка на документација и извештаи/статистички податоци за клиентите

 Подготовка на останатите оддели од компанијата за ревизии

 Примање на поплаки од клиентите, испраќање извештаи и менаџирање на корективни и превентивни мерки

 Асистирање во имплементација на менаџмент систем за квалитет во производствен процес

 Изработка на алатки за квалитет во производствен процес

 Идеалниот кандидат треба да поседува:

Универзитетска диплома (Инженер)

Најмлаку една (1) година работно искуство во производствена средина

Задолжително е добро владеење на англискиот и македонскиот јазик

Познавање на германски јазик ќе биде предност 

Напредно ниво на познавање на MS Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint)

Добри комуникациски способности, планирање и организирање, менаџирање на  време, аналитички способности

 

Работно време: 08.30-17.00ч

Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англискијазик на следнава e-mail адреса: mkjobs@matthey.com

Ве молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ. Во предметот на пораката задолжително ставете го референтниот број на огласот, во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледан 

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година

 

Краен рок за доставување: 25/12/2013.

13.12.2013 - 23:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега