Ѓорѓиевски: Освен ранци за првачињата, ќе поделиме и бесплатни униформи за сите ученици
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на свеченоста по повод првиот училишен ден во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ и им го честиташе почетокот на првачињата и нивните родители.
Ѓорѓиевски зборуваше и за активностите кои годинава ќе се спроведуваат со цел унапредување на наставниот процес.
- Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник, секогаш ја потенцираме важноста на образованието и постојано работиме на унапредување на условите во нашите училишта. И оваа година, продолжуваме со успешниот проект „Ранче за секое прваче“, кој лани за првпат стартуваше од Општина Кисела Вода, а го имплементираа и многу други општини кои ја увидоа неговата вредност. Годинава сите 624 ученици запишани во прво одделение од нас, како локална самоуправа добиваат училишен ранец со прибор што значи дека сите тие имаат еднакви можности за почеток на учебната година. Првиот училишен ден треба да биде радост за сите деца и за нивните родители и не смееме да дозволиме тие да бидат оптоварени со финансиски грижи. Дополнително, сакам да промовирам уште еден проект кој ќе стартува од тука, од Општина Кисела Вода. Имено, од оваа учебна година, за околу еден месец, сите ученици од прво до деветто одделение, ќе добијат бесплатни униформи, кажа Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа