Успешна година за УЈП

Директорот на Управата за Јавни приходи, Горан Трајковски, денеска на прес-конференција оцени дека изминатава година била успешна за УЈП.

- Веќе сме во финишот на годината.  Имаме некаде околу 94 проценти реализација на предвидената наплата на ДДВ и не можам со гаранција да кажам дека во целост ќе ја реализираме буџетската проекција, вели директорот на УЈП.

Трајковски додава и дека кај останатите даноци, кај данокот на добивка е реализирана буџетската проекција, а персоналецот со оваа динамика ќе биде реализиран.

13.12.2013 - 12:55
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега