„Национална конференција за здравјето на Ромите - можности и предизвици“

 

Денеска ќе се одржи „Национална конференција за здравјето на Ромите - можности и предизвици“. Конференцијата во организација на Министерството за здравство, ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражувања и со финансиска поддршка од Фондот за население на обединетите нации-УНФПА има за цел унапредување на пристапот до здравствена заштита на Ромите преку истакнување на ефикасноста на моделот Ромски здравствен медијатор и други модели кои директно ја вклучуваат заедницата како давател или посредник при нудење на здравствени услуги.

На средбата ќе присуствуваат и ќе се обратат претставници од министерствата за здравство, за труд и социјална политика.

13.12.2013 - 09:36
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега