Министерство за култура: Изборот на директор во Филхармонија ќе биде исклучиво согласно позитивните законски прописи
Во врска со денешниот протест на вработените во Националната филхармонија се огласи и Министерството за култура и туризам од каде информираат дека работат согласно со Законот и дека изборот на директор на оваа институција ќе биде исклучиво согласно позитивните законски прописи.
„Во тој контекст Ве информираме дека Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор на НУ Филхармонија согласно Законот за општа и управна постапка (ЗОУП) до учесниците во конкурсот достави барање за дополнително појаснување во однос на доставената документација, што било пракса и во минатите постапки за избор на директор на Филхармонијата“, е нагласено во информацијата.
Министерството, како што потенцираат од таму, ги отфрла тврдењата искажани на денешниот протест. Апелираат до вработените и до целокупната јавност да имаат доверба во институционалниот процес кој се спроведува исклучиво согласно со законот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа