Интерпол ќе издаде потерница за Џастин Бибер?

Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер наскоро би можел да се најде на меѓународна потерница, откако адвокатите на аргентинскиот фотограф, кој неодамна беше физички нападнат од обезбедувањето на   канадската поп ѕвезда, побараа од Интерпол апсење на Бибер.

Аргентинскиот фотограф сакал да направи фотографии додека Џастин Бибер влегувал во автомобил, а на снимките јасно се гледа како го фаќаат телохранителите на младиот пејач, по што го туркаат на под и физички го напаѓаат.

Адвокатскиот тим го тужи Бибер и неговите телохранители за напад и грабеж. Доколку Интерпол го одобри нивното барање, Бибер би можел да биде уапсен за време на турнејата, пишува „Хафингтон Пост“.

Бибер за време на турнејата низ Латинска Америка добро се забавуваше, но успеа и да разлути многумина. Во Аргентина ја напушти сцената пред крајот на концертот, жалејќи се на труење од храна, во Колумбија црташе графити по ѕидовите, додека во Бразил три час мина во бордел, тврдејќи дека не платил за секс.  Исто така, успеа да ги налути аргентинските фанови откако на сцената го газеше нивното знаме

13.12.2013 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега